На 02.03.2022 година во Собранието на Република Србија, Проректорот за меѓународна соработка на Мeѓународен Славјански Универзитет – проф. д-р Васко Стамевски, учествуваше на Меѓународната научна конференција, на тема: ,,Српско-Словачките односи”, како специјален гостин – говорник од Р.С. Македонија.
Проректорот Стамевски, во својство – член на работното претседателство, на отворањето на конференцијатa, се обрати со краток поздравен говор, а во вториот – работен дел имаше експертско излагање, на тема: „Македонија, Србија и Словачка во контекст на моменталното геополитичко и безбедносно окружување – предизвици и перспективи”.
Меѓународната научна конференција се одржа под покровителство на Собранието на Република Србија, Амбасадата на Република Словачка, Институтот за национална и меѓународна безбедност – Белград, Универзитет ,,Матеј Бел” од Словачка и Архивот на Војводина од Србија.
Овој значаен настан го отвори Претседателот на Собранието на Србија, господинот Ивица Дачиќ, а потоа се обратија и Амбaсадорот на Словачка во Р. Србија, Директорот на ИНИС, Ректорот на Универзитетот на Јавна и приватна безбедност ,,АПЕРИОН” од Краков, Полска, Деканот на Факултетот за политички науки, Матеј Бел од Словачка, Ректорот на Белградскиот универзитет и Проректорот на МСУ.
На конференцијата, покрај излагањата на трудовите на учесниците, посебен акцент беше ставен на концептот „научна дипломатија”, кој го промовира Институтот за национална и меѓународна безбедност и во кој членуваат преку 80 професори и експерти од областа на безбедноста и други сродни области, од повеќе од 25 држави низ светот. Концептот „научна дипломатија” гo акцентира научниот пристап во толкувањето на науката за безбедноста, преку соработка на поединечно и институционално ниво, меѓу членовите на Институтот, но и останатите заинтересирани субјекти.
На свечениот дел на Меѓународната научна конференција, на Проректорот, проф. д-р Васко Стамевски, му беше доделена златна плакета за исклучителен придонес во развојот на „Српско-Словачките односи” во концептот на „научната дипломатија”.