Проф. д-р Васко Стамевски на два настани организирани од Центарот за национална и меѓународна безбедност, Белград и потпишување на договор за соработка

Државен противпожарен квиз натпревар во Свети Николе
11 декември 2018
Победа на екипата на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ од 2:1 против екипата од Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип во третото коло од Универзитетската лига во мал фудбал
13 декември 2018

Проф. д-р Васко Стамевски на два настани организирани од Центарот за национална и меѓународна безбедност, Белград и потпишување на договор за соработка

На 03 и 04.12. 2018 година во Белград, Србија, во организација на Центарот за национална и меѓународна безбедност од Белград, се случија два настани: 

  1. International Round Table “One Belt One Road /Economy-Security-Politics”03.12.2018 г., одржан во Собранието на Република Србија.
  2. International Scientific Round Table Security as an essential science for Intelligence, Security, Police and Defense  – 04.12.2018г., одржан во Хотел Ексцелзиор.

Првиот настан го отвори г-дин Ивица Дачиќ, Заменик премиер на Р.Србија и Министер за надворешни работи а свои обраќања имаа и г-дин. Александар Антиќ,  Министер за рударство и енергетика и Проф. д-р Владимир Маринковиќ, Заменик претседател на Собранието на Р.Србија.

Вториот настан го отвори г-дин Небојша Стефановиќ, Министер за внатрешни работи на Р. Србија.

 

Покрај нив на овие два настани учество земаа и  еминентни меѓународни  експерти од различни области, меѓу кои:

Проф. д-р Жанг Жаоан, потпретседател на ССС, претставник на Националниот народен конгрес, НР Кина.

Проф. д-р Зоран Драгишиќ, пратеник во Собранието  на Република Србија, редовен професор, продекан на Факултетот за безбедносни студии Универзитет во Белград, Белград, Србија.

Проф. д-р Чи Лиангпинг, Професор истражувач, поранешен директор на Институтот за економија на НР Кина.

Проф. д-р ТАНГ Јуни: Директор за комуникации на ССС, Професор истражувач

Проф. д-р Чен Јианксун : Вонреден Професор истражувач на Институтот за национална економија, САСС, НР Кина.

Проф. д-р Лилијана Попеску , редовен професор, Проректор во Националната школа за политички и административни студии, Букурешт, Романија.

Проф. д-р Џон М. Номикос, директор на Истражувачкиот институт за европски и американски студии, Атина, Грција

Проф. д-р Дарко Трифуновиќ, виш научен соработник, директор на Центарот, Белград, Србија.

Проф. Д-р Марко Ломбарди, Редовен професор, директор на истражувачкиот центар ITSTIME на Католичкиот универзитет Свето срце, Милано, Италија.

д-р Ефрем Лапид, бригаден генерал (рес.), Предавач по политички науки на Универзитетот Бар-Илан, Тел Авив, Израел.

Проф. д-р Никола Таниќ, Редовен професор, Биолошки факултет, Универзитет во Белград, Србија.

Проф. д-р Ивица Радовиќ, редовен професор, поранешен декан на Факултетот за безбедносни студии Универзитет Белград, Белград, Србија.

Проф. д-р Јасмин Ахиќ, вонреден професор Продекан за наука, Факултет за кривична правда и безбедност, Универзитет во Сараево, Босна и Херцеговина.

д-р Орхан Драгаш, директор на Институтот за меѓународна безбедност, Белград, Србија.

Проф. д-р Бранислав Тодоровиќ, виш научен соработник во НТУА – Национален технички универзитет во Атина, Атина, Грција.

Флавиј Космин Халаеску, Советник на амбасадорот, Амбасада на Романија во Србија

На овие два настани свои обраќања и презентации имаше и Проф. д-р Васко Стамевски, професор на Факултетот за правни науки  при  МСУ  Г.Р.Державин , Св.Николе, на теми поврзани со овие два настани:Macedonian perspective on One Belt One Road Initiative“ иSecurity – a science or study program“.

 

На маргините на овие два настани, беше потпишан и Договор за соработка, помеѓу „МСУ Г.Р. Державин“ и „Центарот за национална и меѓународна безбедност“ од Белград  застапуван од  директорот, Проф. д-р Дарко Трифуновиќ   и Проф. д-р Васко Стамевски, претставник на МСУ.

Во договорот се поставени  основните постулати за воспоставување и продлабочување на  соработката помеѓу МСУ и ЦНМБ.