Трудот под наслов „Will Economic De-globalization Be a New Normal?“ од проф. д-р Никола Поповски, професор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ беше објавен во „Економски медитации“, зборник на трудови посветен на академик Таки Фити по повод 70 години од неговото раѓање.
„Економски медитации“ е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.