Во сабота, 09.10.2021 година, проф. д-р Мирослав Пендароски одржа предавање во Универзитетската библиотека во Пула, Хрватска, за членови на Здружението на психолози од Истра.
Професорот Пендароски одржа предавања и работилници за 15 членови на Здружението на психолози од Истра на темите „Razumijevanje sna i snova i načini korištenja sna u praktičnom psihološkom radu“ и „Osnove sistemskih obiteljskih konstelacija“.
„Професорот ги воодушеви сите присутни со својата стручност, искуство, пристап, начин на пренесување знаење, но и со хумор! Многу сме почестени и горди што имавме можност да го угостиме во Пула и се надеваме дека ова е само почеток на една прекрасна соработка. Посебна благодарност до нашата членка Андријана Паскоска од Македонија, која ја иницираше оваа соработка. ️“ – објавија од Здружението на психолози од Истра.
Проф. д-р Мирослав Пендароски е магистер по психологија, доктор на науки од областа на социјалната работа, претседател, едукатор и психотерапевт во Центарот за психологија, психотерапија, советување и едукација – „Совршен круг“. Од 2019 година е вонреден професор на Факултет за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.