Повик за учество на младинска размена во Романија од 24 јули

Информации за врачување на дипломите 🎓
23 јуни 2021
Со 10 филмски проекции беше заокружен Филозофскиот филмски фестивал во Киноверзум на МСУ
23 јуни 2021

Повик за учество на младинска размена во Романија од 24 јули

Почитувани студенти,

Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет објавува повик за младинска размена во Романија за проектот насловен “SOLIDART – Education without borders“.

Младинската размена ќе започне на 24 јули 2021, а ќе трае до 2 август 2021.

Организатори на младинската размена се:

  • Kreativ Research Association од Романија, координатор на проектот
  • Friends of the World Association од Бугарија
  • Здружение на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет

Целта на оваа младинска размена е да ја подигне свеста за важноста на солидарноста и соработката помеѓу младите со помалку можности кои доаѓаат од земјите од Источна Европа. Вкупно 45 млади луѓе ќе бидат едуцирани за еднаков пристап до образование, користејќи различни уметнички алатки со цел да се создаде дијалог со носителите на одлуки во областа на образованието.

Овде преземете го документот со информации.


Колку учесници се потребни?


Потребни се вкупно 15 учесници.

Учесниците можат да бидат на возраст од 16 до 25 години и треба да имаат познавање на англиски јазик.

За проектот се бараат учесници кои доаѓаат од рурални области, згрижувачки семејства, се соочуваат со економски, културни и социјални разлики.

Предност имаат учесници кои никогаш немаат патувано надвор од Република Северна Македонија, но може да се пријавуваат и други учесници.


До кога е пријавувањето?


Можете да се пријавите најдоцна до 27 јуни 2021.

По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.


Што е обезбедено?


  • Трошоците за сместување се покриени за сите учесници за времетраење на младинската размена (La Padure Hostel, Brebu, Romania). Собите се 2-4 креветни. Секоја соба има сопствен тоалет.
  • Патните трошоци се платени (до 180 евра по учесник).

Како да аплицирате?


Пополнете ја формата во прилог и ние ќе Ве контактираме наскоро.

За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на info@zs.msu.edu.mk