Почитувани колеги,
Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во соработка со Здружението на студенти при МСУ започнува со објавување на студентски текстови. Рубриката Студентски блог „Студентски размислувања“ е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.
Сите студенти при МСУ можат да испратат свој текст (бројот на испратени текстови не е ограничен).
Текстовите се испраќаат на електронската адреса blog@msu.edu.mk.
Заедно со текстот треба да бидат доставени следниве податоци:
Сите пристигнати текстови, најпрво, ќе бидат прегледани од наш стручен кадар. Доколку Вашето дело биде прифатено, истото ќе биде објавено на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.
Редоследот на прегледување и објавување ќе биде „прв дојден, прв услужен“.