Свети Николе: Свечено врачување на дипломи

Loading Настани

« All Настани

  • This event has passed.

Свети Николе: Свечено врачување на дипломи

мај 24 @ 12:00 - 13:30

Свечената церемонија за врачување на дипломите за студентите кои дипломирале во Свети Николе ќе се одржи на 24 мај 2024 година со почеток од 12:00 часот.

Настанот ќе се одржи во Mayberry Highway – Свети Николе, на улица Ванчо Ангелов бр. 22. Во кругот на Mayberry Highway можете да влезете директно од автопатот Миладиновци – Штип.

Дипломите ќе им бидат врачени на студентите кои дипломирале во периодот од 24 мај 2023 до 23 мај 2024.



На студентите на кои треба да им биде врачена диплома им препорачуваме да пристигнат еден или два часа пред почетокот на церемонијата, со цел комплетирање на документацијата.

Пред церемонијата на сите студенти ќе им бидат доделени и свечени тоги од универзитетот. Изнајмувањето на тогите е бесплатно.

На свеченоста се добредојдени и роднините и пријателите на дипломираните студенти, како и останатите заинтересирани граѓани.

Детали

Датум:
мај 24
Време:
12:00 - 13:30
Настан Категорија:
Веб сајт:
https://maps.app.goo.gl/xxycmAW8QaV8xVCRA

Локација

Хотел Мејбери Хајвеј – Свети Николе
Sveti Nikole, 2220 North Macedonia + Google Map

Организатор