На 27. март 2024 година со почеток од 12:00 часот во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе ќе се одржи промоција на книгата од проф. д-р Орце Симов со наслов „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“. Изданието е со детално и систематско истражување посветено на интеграцијата на најновите истражувања и технички постигнувања во областа на генетското моделирање.
Книгата „Моделирање и компјутерска симулација на генетски регулаторни мрежи“ од авторот проф. д-р Орце Симов детално и прецизно ги опишува процесите на иницијација на транскрипција и синтеза на mRNA молекулите. На оригинален и иновативен начин е дадено проширување на Буловиот генетски регулаторен модел така што тој е доближен до реалноста, но со задржување на дискретноста и логиката на одлучување.
Настанот е од отворен тип и можат да го посетат сите заинтересирани граѓани, без претходна регистрација.