Пол Финерти, предавач од Atlas Language School од Даблин, Ирска доаѓа на Меѓународен Славјански Универзитет на 19. февруари 2024! Присуствувајте на нашиот бесплатен курс на тема “English for Higher Education Academics“ организиран од страна на Atlas Language School од Даблин, Ирска. Домаќин е Меѓународен Славјански Универзитет, а курсот е наменет за предавачи и професори од високообразовните установи. Може да се пријават предавачи и професори од кој било универзитет во и надвор од Република Северна Македонија, но и други заинтересирани учесници, како и студенти.
Курсот ќе биде реализиран двапати, еднаш на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и еднаш на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола, и тоа:
За реализација на курсот и полесно разгледување на материјалите, потребно е учесниците да носат сопствен лаптоп или таблет.
Еден ден предавања се состои од две сесии по 75 минути (со една кафе пауза помеѓу нив). На крајот од секој ден има предвидено сесија од прашања и одговори која ќе трае околу 15 минути.
За да се пријавите можете да ја пополните оваа форма:
Формата веќе не е достапна за пријавување.
Слободно споделете ја оваа покана со колегите со кој го делите интересот за темата. Придружете ни се на предавањето, каде што не само што ќе го проширите вашето знаење, но и ќе имате можност за вмрежување со истомисленици.