Ве покануваме да земете учество на претстојната акција за дарување крв што заеднички ја организираат Меѓународен Славјански Универзитет и Регионален центар за трансфузиона медицина – Штип. Крводарителската акција ќе се одржи во универзитетскиот кампус во Свети Николе на 20 ноември 2024 година, со почеток во 9:00 часот. Крводарителската акција ќе трае до 14:00 часот.
Ги повикуваме студентите и нашите соработници да ни придружат во оваа благородна акција, негувајќи го духот на солидарност. Вашето учество може да спаси живот!