Битола: Свечено врачување на дипломи

Loading Настани

« All Настани

  • This event has passed.

Битола: Свечено врачување на дипломи

мај 25 @ 12:00 - 13:30

Свечената церемонија за врачување на дипломите за студентите кои дипломирале во Битола ќе се одржи на 25 мај 2024 година со почеток од 12:00 часот во Офицерски дом, Битола.

Дипломите ќе им бидат врачени на студентите кои дипломирале во периодот од 24 мај 2023 до 23 мај 2024.



На студентите на кои треба да им биде врачена диплома им препорачуваме да пристигнат еден или два часа пред почетокот на церемонијата, со цел комплетирање на документацијата.

Пред церемонијата на сите студенти ќе им бидат доделени и свечени тоги од универзитетот. Изнајмувањето на тогите е бесплатно.

На свеченоста се добредојдени и роднините и пријателите на дипломираните студенти, како и останатите заинтересирани граѓани.

Детали

Датум:
мај 25
Време:
12:00 - 13:30
Настан Категорија:

Локација

Офицерски дом – Битола

Организатор