Новинарите од регионалниот центар „Исток“ во состав на ЗНМ, на 5-ти април во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ свечено ги доделија признанијата на компаниите, институциите и лицата кои со своите дела придонесуваат кон создавањето на убавата слика за источниот регион.
На свеченоста настапи и музичката група ЃоМиЖиСто и ИВАНА. Ова беше финалниот настан од процесот на избор на најдоброто од источниот регион во повеќе области: стопанство, образование, култура, здравство, општествена одговорност, новинарство, спорт, екологија.
Признанија за НАЈДОБРОТО ОД ИСТОЧНИОТ РЕГИОН за 2018 година им беа доделени на:
Викторија Димитрова Јованова – најдоброто во новинарството
„Амфенол Технолоџи“ – Кочани – најдобра странска инвестиција
„Витаминка“ – Прилеп – најдобра домашна инвестиција во рестартот на фабриката за масло „Брилијант“ во Штип
Драгица Здравева – раководител на Центарот за развој на ИПР, менаџер на годината
Академик, проф. Д – р Блажо Боев, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, најдоброто во науката
Анѓелка Пеева Лауренчиќ – најдобриот амбасадор на регионот во државата
„Макпрогрес“ – Виница, општествено најодговорна компанија
„Регионален центар за застапување“ – Делчево – најдоброто во невладиниот сектор
Кирчо Стојанов – Кочани – најхумана личност
Љупка Стојменова – најдоброто во образованието
Д – р Александар Мишев – специјалист по очни болести, Клиничка болница – Штип, најдоброто во здравството
Република Словенија – најдобриот пријател во регионот
ФК „Кит Го – Пехчево“ – најдоброто во спортот
Рудник „САСА“ – најуспешен колектив во последната петолетка
„Фармахем“ – најдоброто во заштитата на животната средина
ГАТ „Сцена 71“ – Свети Николе – најдоброто во културата