На Славјански гостуваа професорки од Северно-Кавкаски Федерален Универзитет од Русија
14 март 2017Упис на додипломски студии – 2017/2018
24 март 2017Новинарите од регионалниот центар „Исток“ во состав на ЗНМ, на 17-ти март во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ свечено ги доделија признанијата на компаниите, институциите и лицата кои со своите дела придонесуваат кон создавањето на убавата слика за источниот регион.
На свеченоста настапи и мандолинскиот оркестар „Св. Николај“, на кој му беше доделено признание за најдоброто од областа на културата. Ова беше финалниот настан од процесот на избор на најдоброто од источниот регион во повеќе области: стопанство, образование, култура, здравство, општествена одговорност, новинарство, спорт, екологија.