На МСУ во Битола одбележан 21 Март – Меѓународен ден на лицата со Даунов синдром
22 март 2023Угур Ихсан Каја од Турција ќе студира на МСУ еден семестар во рамките на Еразмус+ програмата
23 март 2023На 21 март 2023 година во чест на Светскиот ден на поезијата на локалитетот Била Зора со стихови, обраќања и беседи беше промовирана манифестацијата „Билазорски видувања“ 2023 на која земаа учество членови од Друштвото на писателите на Република Македонија.
На настанот се обратија и проф. д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, Јордан Плевнеш од Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и проф. д-р Соња Ризоска Јовановска, професор на Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет.
Организатори на настанот се: Меѓународниот Славјански Универзитет, Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима и Општина Свети Николе.