Oд 21 до 24 септември 2022 година ќе се одржи Осмата меѓународна стручна и научна конференција „Безбедност и здравје при работа“ во просториите на Ресорт Борик, Задар, Хрватска.
Организатор на конференцијата е Универзитетот во Карловац (Хрватска), а коорганизатори се Меѓународен Славјански Универзитет (Северна Македонија), Политехничкиот институт Бежа (Португалија), и Факултетот за заштита при работа при Универзитетот во Ниш (Србија).
Целта на Конференцијата е да се обезбедат и разменат најновите информации и достигнувања во мултидисциплинарни области како што се безбедноста при работа и здравјето.
За повеќе информации посетете ја официјалната страница на Осмата меѓународна стручна и научна конференција „Безбедност и здравје при работа“.