Кирил Лазаров во посета на Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“
19 јули 2017Свечено врачување на индекси – прв академски час
30 август 2017Денес на 25.08.2017 година во просториите Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Ротари Клуб, Велес и Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Соработката се предвидува во повеќе области од јавен и општествен интерес. Прва активност која ќе биде спроведена е стипендирање на тројца студенти на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ кои ќе бидат определени преку постапка која ќе ја спроведе Ротари Клуб, Велес. Меморандумот за соработка беше потпишан од ректорот на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ проф. д.р. Душан Николовски и претседател на Ротари Клуб, Велес г-дин Аце Коцевски.