Конкурс за карикатура и афоризам на тема „Јас, Итар Пејо“

625 дела пристигнаа на ликовниот конкурс „Омилената приказна од А. С. Пушкин“ – 2020
3 јули 2020
Пуштена во печат збирката „Средношкоски размислувања 4“
23 јули 2020

Конкурс за карикатура и афоризам на тема „Јас, Итар Пејо“

Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе го објавува:

Вториот интернационален КОНКУРС

ЗА КАРИКАТУРА И АФОРИЗАМ
Тема: „Јас, Итар Пејо“ и слободна тема

Целта на конкурсот е да го стимулираме уметничкото творештво и да обезбедиме платформа на која луѓето ќе можат да ги искажат своите мислења преку карикатури и афоризми.

Од материјалите добиени од конкурсот организаторот ќе издаде  електронски каталог на избрани дела во двете категории. Добиените материјали се објавуваат на Фејсбук страницата на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.


Тема


Афоризмите и карикатурите можат да се однесуваат на ликот на Итар Пејо или пак да бидат на слободна тема.



Услови за афоризми


  • Се испраќат најмногу до 10 афоризми во .doc или .docx формат.
  • Еден автор може да учествува со еден сет на афоризми.
  • Афоризмите не треба да бидат објавувани во печатени изданија.
  • Сите материјали треба да бидат оригинали и претходно необјавени.
  • Заедно со материјалите треба да биде испратена и кратка биографија за авторот.
  • Сите доставени дела остануваат во сопственост на фестивалот и правото за нивно објавување и изложување го поседува организаторот.
  • Сите доставени дела се објавуваат на Фејсбук страницата на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Услови за карикатури


  • Форматот на карикатурата може да биде по желба на авторот.
  • Прифатливи се сите техники за изработка на карикатура, вклучувајќи и дигитална уметност.
  • Секој автор може да учествува со една карикатура.
  • Сите материјали треба да бидат оригинални и претходно необјавени.
  • Заедно со материјалите треба да биде испратена и кратка биографија за авторот.
  • Сите доставени дела остануваат во сопственост на фестивалот и правото за нивно објавување и изложување го поседува организаторот.
  • Сите доставени дела се објавуваат на Фејсбук страницата на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“.

Доставување на материјалите:


  • Делата се доставуваат електронски на itarpejo@kultura.msu.edu.mk
  • Целата комуникација со учесниците се одвива преку  itarpejo@kultura.msu.edu.mk. Делата кои се доставени на други адреси нема да бидат земени предвид.
  • Авторите треба да ги достават своите дела најдоцна до 30.09.2020.
  • Секој учесник треба да достави полно име и презиме, адреса и држава.
  • Членовите на организацијата и жири комисија имат право да учествуват само надвор од конкуренцијата.

Жири


Селекциона комисија ги одобрува пристигнатите дела за објавување. За наградите се составува меѓународното жири од 5 члена за секоја категорија посебно кое ги избира наградените и специјалните награди од двете категории.

  • Претседател на комисијата за карикатура: Јордан Поп Илиев.
  • Претседател на комисија за афоризам: Миле Ѓеорѓиоски.

Награди


  • 1 место – Златна плакета, златна статуетка Итар Пејо, парична награда од 300 евра.
  • 2 место – Сребрена плакета, сребрена статуетка Итар Пејо, парична награда од 200 евра.
  • 3 место – Бронзена плакета, бронзена статуетка Итар Пејо, парична награда од 100 евра.
  • + специјални награди (во зависност од пристигнатите дела).

Детска и младинска конкуренција


Иако фестивалот беше првично наменет за карикатуристи и афористичари кои професионално се занимаваат со карикатура и афоризам, на фестивалот пристигнаа голем број на цртежи од деца и младинци.

Затоа, за да го награди трудот и на најмладите комисијата одлучи да воведе Детска и младинска конкуренција на фестивалот. Беа издвоени дополнителни средства за буџетот на фестивалот и со тоа се определени следниве награди за Детската и младинска конкуренција.

  • 1 место – Златна плакета, златна статуетка Итар Пејо, парична награда од 100 евра и комплет за сликање.
  • 2 место – Сребрена плакета, сребрена статуетка Итар Пејо, парична награда од 50 евра и комплет за сликање.
  • 3 место – Бронзена плакета, бронзена статуетка Итар Пејо, парична награда од 30 евра и комплет за сликање.
  • + специјални награди (во зависност од пристигнатите дела).

Сите учесници кои сакаат нивните дела да се натпреваруваат во Детската и младинска конкуренција можат да ги испраќаат на истиот начин како и другите членови, со напомена дека сакаат да се натпреваруваат во Детска и младинска конкуренција.