Продолжија активностите од краткотрајниот интензивен курс “Global Perspectives on Inclusive Education: Strategies for Building Diverse and Equitable Learning Environments”
20 декември 2023Посета на Центарот за поддршка во учењето на учениците со попреченост во ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола
21 декември 2023На манифестацијата Најуспешни битолчани 2023 беше доделено признанието Гран-при за проф. д-р Јордан Ѓорчев, основач и претседател на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет. Главната награда припадна на проф. д-р Јордан Ѓорчев поради неговиот значаен придонес во образованието, литературата и културата, а годинава беше и еден од истакнатите добитници на наградата за мир GUSI во Манила, Филипини.
Наградите на манифестацијата Најуспешни битолчани ги додели Битолски весник на 15 декември пред повеќе од 600 гости. На настанот беа прогласени најуспешни битолчани во повеќе категории. Манифестацијата Најуспешни битолчани традиционално ја организира Битолски весник.