Студиска програма Правни студии

Четиригодишни студии
Име на студиската програма: Правни студии
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран правник
Годишна школарина: 1530 евра
Студиската програма по Правни студии им овозможува на студентите да стекнат продлабочени знаења од областа на правото и по успешно завршување на студиите, да се здобијат со академската титула дипломиран правник.
На Факултетот за правни науки, студентите добиваат поддршка во развојот на теоретските знаења и практичните вештини кои се неопходни за активно вклучување во современите правни процеси. Програмата истовремено ги поттикнува нивните научно-истражувачки капацитети и ја негува креативноста како дел од нивниот академски и професионален развој.

Додипломски студии
Студиската програма на првиот циклус на правни студии, односно додипломските студии, е со траење од четири години (осум семестри) и опфаќа изучување на 40 предмети кои по дипломирањето обезбедуваат 240 ЕКТС кредити.
Студиската програма опфаќа широк спектар на предмети, вклучувајќи клучни правни области како уставно право, граѓанско право и судско право, како и специјализирани дисциплини како меѓународно право, човекови права и право на информатичка технологија.
Наставната програма е збогатена со практични вежби, практична настава и активно учество во мултидисциплинарни проекти. Овој пристап им овозможува на студентите да стекнат реални искуства и вештини кои се од суштинско значење за нивниот професионален развој и успешна кариера во правната сфера.
Програма четиригодишни студии
1 семестар
-
Вовед во правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Историја на државата и правотоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Римско правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Академско пишувањеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Англиски јазикИзборен
6 ЕКТС
-
Руски јазикИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународни организацииИзборен
6 ЕКТС
2 семестар
-
Уставно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Општ дел на граѓанско право и стварно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Јавна и државна администрацијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
ЕкономикаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Право на информатичка технологијаИзборен
6 ЕКТС
-
Управување со човечки ресурсиИзборен
6 ЕКТС
-
Социјално правоИзборен
6 ЕКТС
3 семестар
-
Семејно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Трудово правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Казнено правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Административно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Електронска трговијаИзборен
6 ЕКТС
-
Финансово правоИзборен
6 ЕКТС
-
Царинско правоИзборен
6 ЕКТС
4 семестар
-
Облигационо правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Меѓународно јавно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Управно судствоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Политички системиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Синдикално правоИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународно казнено правоИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународно право за правата на човекотИзборен
6 ЕКТС
5 семестар
-
Право на Европска УнијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Меѓународно приватно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
КриминологијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Наследно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Адвокатско работењеИзборен
6 ЕКТС
-
Компјутерски криминалИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународно трудово правоИзборен
6 ЕКТС
6 семестар
-
Трговско правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Детско престапништвоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Применета економијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
ПенологијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Организиран криминалИзборен
6 ЕКТС
-
Политички институции на Европска УнијаИзборен
6 ЕКТС
-
Економски систем и економска политикаИзборен
6 ЕКТС
7 семестар
-
Граѓанско процесно право – парничноЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Казнено процесно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Управно процесно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Судско правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Забрзани казнени постапкиИзборен
6 ЕКТС
-
Трудово право - применета програмаИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународно право - применета програмаИзборен
6 ЕКТС
8 семестар
-
Граѓанско процесно право - вонпарнично и извршноЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Меѓународно дипломатско и конзуларно правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Заштита на човековите права во кривична постапкаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Дипломска работаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Административно право - применета програмаИзборен
6 ЕКТС
-
Казнено право - применета програмаИзборен
6 ЕКТС
-
Граѓанско право - применета програмаИзборен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.