Студиска програма
Општа психологија

psihologija-1-ciklus-MSU

Четиригодишни студии

Име на студиската програма: Општа психологија
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран психолог
Годишна школарина: 1530 евра

Факултетот за психологија на додипломските студии ја нуди студиската програма Општа психологија (4+1). Студиите се четиригодишни и по дипломирањето студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити.

На студиската програма Општа психологија, тимот од докажани професионалци ќе ви овозможи да се стекнете со непроценливо теоретско и практично знаење кое без сомнение ќе ве подготви да одговорите на потребите на луѓето со кои во иднина ќе работите.

Додипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

На оваа студиска програма ќе изучувате предмети поврзани со едукација, ментално здравје, социјални вештини, истражувања во областа на психологијата и многу други дисциплини, кои ќе ги прошират вашите перспективи и ќе бидат цврста основа за вашиот понатамошен професионален развој.

Предметите опфаќаат продлабочени содржини од повеќе дисциплини на психологијата кои ќе ви овозможат да ја согледате интеракциската врска помеѓу средината и однесувањето на индивидуата, ќе научите повеќе за комуникацијата помеѓу луѓето, следење на промените и проблемите… Истовремено предметите ви помагаат да развиете вештини за примена на тие знаења во психолошката практика.

Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 40 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден, додека од понудените три, студентите избираат два предмети.

По подготовката на дипломската работа ќе се стекнете со стручен назив дипломиран психолог.

Програма
четиригодишни студии

1 семестар

  • Психологија на перцепција
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Развојна психологија 1
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Вовед во методологија на експерименталната психологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Статистика во психологијата
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Основи на психогенетика
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Вовед во психологија
    Изборен

    6 ЕКТС

2 семестар

  • Емоции и мотивација
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Развојна психологија 2
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Ментално здравје
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Англиски јазик
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Економија на трудот
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Доживотно образование
    Изборен

    6 ЕКТС

3 семестар

  • Сознајни процеси
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Вовед во здравствена психологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психометрија и психолошко тестирање
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Основи на педагогија со дидактика
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Основи на меѓукултурна комуникација
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Разрешување и трансформирање на конфликти
    Изборен

    6 ЕКТС

4 семестар

  • Интелигенција
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Социјална психологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Специјална едукација и рехабилитација
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Социологија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Академско пишување
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Учење и поучување
    Изборен

    6 ЕКТС

5 семестар

  • Општа психопатологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психодијагностика
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психологија на семејство
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Самопоимање и самопретставување
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Позитивна психологија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Социологија на етнички групи
    Изборен

    6 ЕКТС

6 семестар

  • Вовед во клиничка психологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Форензична психологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Вештина на психолошко советување
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Супервизија и евалуација
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Професионална психодијагностика
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Квалитативни истражувања во психологијата
    Изборен

    6 ЕКТС

7 семестар

  • Рана интервенција на деца со пречки во развојот
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Методика на настава во психологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Невропсихологија
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психотерапевтски методи
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Интервенции при стрес и криза
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Социјална работа со поединци и групи
    Изборен

    6 ЕКТС

8 семестар

  • Надареност и креативност
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психологија на трудот
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Основи на психосоматика
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Социјален идентитет и меѓугрупни односи
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Психологија на бизнис
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Дипломска работа
    Задолжителен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.

Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање.Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image