Студиска програма Финансии и банкарство (стара програма)
Четиригодишни студии
Име на студиската програма: Финансии и банкарство
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран економист (насока: Финансии и банкарство)
Годишна школарина: 1230 евра
Финансиите играат значајна улога во стабилноста на светската економија, што значи дека тие се директно или индиректно поврзани со сите нас. Финансии и банкарство е студиска програма за сите оние кои сакаат да се вработат во областа на финансиите (сметководители, банкари). Студиите се со времетраење од четири години, односно осум семестри.
Преку студиската програма ќе се запознаете со суштината и практичното значење на основните принципи на финансиите, ќе научите да ги познавате карактеристиките и видовите на различни финансиски инструменти (обврзници, акции, штедни влогови, заеми, финансиски деривати, итн.), ќе ги научите принципите на вреднување на финансиските инструменти, односно основните фактори од кои зависи одлуката на инвеститорот во кои од финансиските инструменти ќе ги вложи своите пари.
Вклучени се и предмети од областа на сметководството, каде ќе бидете запознаени со основните техники на книжење на средствата, со сметководственото евидентирање на приходите и расходите…
Додипломски студии
Финансии и банкарство е студиска програма која ќе ви помогне да ги развиете своите аналитички вештини, како и вештините за донесување заклучоци. Постојат бројни претходно подготвени теории кои можат да ви помогнат да одлучите кое финансиско решение е најдобро, но овде ќе научите дека секоја ситуација е различна. Претходно подготвените теории ќе ви помогнат да ги согледате работите, но не значи дека секогаш ќе можат да се имплементираат такви какви што се.
Токму затоа, овде ќе научите да го развиете вашето „чувство“ за справување со работите кои не може да се предвидат, кое вам, како идни економисти, ќе ви бидат најдобар сојузник.
Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 40 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од можните два изборни предмети, студентите избираат само еден. Од можни три предмети, се избираат два предмети. Од можни четири предмети, студентите избираат само два.
По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран економист (насока Финансии и банкарство).
Програма четиригодишни студии
1 семестар
-
МикроекономијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Математика за бизнисЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Основи на менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Англиски јазик 1Задолжителен
6 ЕКТС
-
Деловна етикаИзборен
6 ЕКТС
-
Информациони системиИзборен
6 ЕКТС
2 семестар
-
МакроекономијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Принципи на сметководствоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
СтатистикаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Англиски јазик 2Изборен
6 ЕКТС
-
Вовед во бизнисИзборен
6 ЕКТС
-
Деловно комуницирањеИзборен
6 ЕКТС
3 семестар
-
Принципи на маркетингЗадолжителен
6 ЕКТС
-
ПретприемништвоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Трговско правоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Руски јазик 1Задолжителен
6 ЕКТС
-
Менаџерска економијаИзборен
6 ЕКТС
-
Монетарна економијаИзборен
6 ЕКТС
4 семестар
-
Јавни финансииЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Организациско однесувањеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Финансиско сметководствоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Маркетинг политика на цениИзборен
6 ЕКТС
-
Руски јазик 2Изборен
6 ЕКТС
-
Психологија на бизнисИзборен
6 ЕКТС
5 семестар
-
Финансиски пазари и институцииЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Деловно планирањеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
ОсигурувањеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
БанкарствоЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Менаџмент на човечки ресурсиИзборен
6 ЕКТС
-
Банкарски маркетингИзборен
6 ЕКТС
6 семестар
-
Корпоративни финансииЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Анализа на финансиски извештаиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Финансиски менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Управување со ризициИзборен
6 ЕКТС
-
Стратегиски менаџментИзборен
6 ЕКТС
-
Стратегиски маркетингИзборен
6 ЕКТС
7 семестар
-
Хартии од вредностЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Меѓународни финансииЗадолжителен
6 ЕКТС
-
РевизијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Е-бизнисЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Проектен менаџментИзборен
6 ЕКТС
-
Оперативен менаџментИзборен
6 ЕКТС
8 семестар
-
Меѓународна трговијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
ИнвестицииЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Меѓународни економски односиИзборен
6 ЕКТС
-
Банкарски менаџментИзборен
6 ЕКТС
-
Менаџмент на промениИзборен
6 ЕКТС
-
Девизен системИзборен
6 ЕКТС
-
Дипломска работаЗадолжителен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.