Зошто да студирате економија и менаџмент?
Обраќање од деканот
Почитувани студенти, Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе и Битола е институција која преку своето постоење во континуитет создава традиција во образованието на економисти. ... Посветени сме на извонредност и соодветно на тоа се стремиме кон постојана иновација како во однос на програмите што ги спроведуваме, така и во однос на методите на работа. Постојано ги следиме современите трендови на развој, посветувајќи му посебно значајно место на развојот на високото образование според најактуелните светски практики...
Проф. д-р Габриела Крстевска декан
Факултет за економија и организација на претприемништво
Додипломски студии четиригодишни
Нашиот факултет нуди две студиски програми на додипломските студии. Студиите се со времетраење од четири години.
Предметите ја рефлектираат мултидисциплинарната природа на бизнисот и опфаќаат сметководство, финансии, менаџмент, деловно право, даночен систем итн.
Последипломски студии едногодишни
Нашиот факултет нуди две студиски програми на последипломските студии. Студиите се со времетраење од една година.
Предметите се дизајнирани да развијат вештини за менаџирање со човечките ресурси, креирање успешни маркетинг кампањи, менаџирање на организации во услови на глобализација…
Предавања и испити
Организација на семестри
Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри: зимски и летен.
Предавања
Студентите од секоја студиска програма вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.
Испити
Во текот на една академска година има 6 испитни сесии од кои три се редовни (јануари, јуни, септември), а три вонредни (април, октомври, ноември).
Практична работа
Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата.
Електронска и бесплатна литература
Оригинален систем на активно менторство
Модел на менторство
На почетокот на годината нашиот Центар за кариера доделува ментор за секој студент кој е постојано на располагање за сите прашања на студентите.
Постојано подобрување
Моделот на активно менторство секојдневно се усовршува и останува фокусиран на идејата за мотивирање на студентите да ги остваруваат своите амбиции.
Побрзо до целта
Со системот на активно менторство студентите можат да ги оформат и постигнат своите цели побрзо и поефективно отколку да работат сами.
Ваш личен советник
Менторот Ви дава совети за избирање на изборни предмети, теми за проектни активности, учество на семинари, конференции, проекти, студентска размена или меѓународни проекти.
Упис на додипломски студии
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
За можните попусти кликнете овде.
Документи за упис
на додипломски студии-
Диплома за положена државна или меѓународна матура
-
Свидетелства од сите 4 години
-
Копија од извод од матична книга на родените
-
Копија од државјанство
-
4 мали фотографии во боја
Упис на последипломски студии
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
За можните попусти кликнете овде.
Документи за упис
на последипломски студии-
Диплома за завршен прв циклус на студии
-
Уверение за положени испити
-
Копија од извод од матична книга на родените
-
Лична карта (на увид)
-
4 мали фотографии во боја