Денес, 24.02.2017 година, со почеток во 10:00 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе се одржа едукативно-стручен собир акредитиран од Ветеринарна комора на Р. Македонија со предавач д-р Казимир Матовиќ од Ветеринарен специјалистички институт од Краљево, Р. Србија.
Темата на предавањето беше „Контрола на болестите на пчелите и (зло)употреба на антибиотиците во пчеларството“.