Во рамки на договорот за соработка со Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Русија, студенти од Меѓународен Славјански Универзитет во моментов престојуваат на студентска размена во Тамбов. Студентската размена со Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ прерасна во долгогодишна традиција и годинава е десетта година по ред како се реализира.
Денес нашите студенти присуствуваа на семинар во Державинскиот Технопарк на тема „Стратегии за ефективна деловна комуникација“, организиран од Педагошкиот институт при Тамбовскиот универзитет.
Годинава делегацијата на МСУ вклучува 11 лица – 2 претставници од наставниот кадар и 9 студенти кои студираат економија, психологија, информатика и правни науки. За време на посетата планирана е дискусија за заеднички научни и едукативни проекти.
Универзитетот домаќин како и секоја година, подготви богата културно-образовна програма за нашите студенти.