Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Северна Македонија ја додели наградата „Державин“

Остварена средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт
9 октомври 2017
Презентација на Славјански во Сибирскиот федерален универзитет во рамки на Светскиот фестивал за студенти и млади
15 октомври 2017

Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Северна Македонија ја додели наградата „Державин“

Вчера, во Битола, во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет свечено беше доделена поетската награда „Державин“ на поетот Василе Димески од Прилеп. Наградата ја врачи Н. Е. Олег Шчербак, Амбасадор на Руската Федерација во Р. Северна Македонија.

Имено, наградата „Державин“, се доделува за најдобра стихозбирка објавена во периодот од јули 2016 до јули оваа година исклучиво на членови на Друштвото на писатели на Р.Македонија а оваа година во комисијата за избор беа: Иван Чаповски (претседател), Стојан Тарапуза и Паскал Гилевски, кои едногласно ја донесоа одлуката.


Високото признание Димески го доби за поетската книга „Ноќва душава си ја изедов“, објавена во издание на „Матица македонска“.
Пред присутните се обрати и претседателот на Друштвото на писатели на Р. Северна Македонија, Веле Смилевски.

Манифестацијата уметнички ја збогатија Марина Коруновска – мецосопран и Александра Јанковска – пијано придружба кои изведоа руски романси како и Наталија Алешкина-Талевска и Даган Миладиновски кои рецитираа стихови од Державин и Димески.