Алпер Џан од универзитетот во Билеџик, Република Турција, деновиве е во посета на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за академски кадар.
Во рамки на посетата тој оствари средба со претседателот на Управен одбор на МСУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, а потоа го продолжи својот престој на Меѓународен Славјански Универзитет во Битола.
Гостинот беше запознаен со работата на кампусот во Битола, а воедно го посетивме и битолскиот музеј како и спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк.