Од 21-ви до 26-ти септември во Варна се одржа IV студентски фестивал „Друзья, прекрасен наш союз“, организиран од руската фондација „Русский мир“. Фестивалот се одржа во комплексот „Камчија“, кој е во сопственост на Управата на град Москва.
Меѓународениот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ e единствен универзитет од Македонија кој деновиве зема учество на овој меѓународен фестивал во Варна на кој присуствуваат над 350 студенти од уште 17 земји од Европа, како Русија, Италија, Полска, Германија, Грузија итн. На Фестивалот зема учество и најпрестижниот руски универзитет, Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“.
Официјален јазик на фестивалот е рускиот. Во рамките на фестивалот беа организирани повеќе конкурси за рецитирање, пеење, танцување итн, сите изведени на руски јазик.
На 24-ти септември низ улиците на Варна се одржа студентска парада придружена од оркестар, како повик за обединување на сите студенти од Европа.
Големото финале на фестивалот, на кое беа доделени плакети и благодарници на учесниците, се одржа на 26-ти септември.