
Работилница: „Маркетинг во современото банкарско работење – теорија VS пракса: UniQ“
2 ноември 2026Студентите од трета и четврта година на студиската програма Општа психологија при Факултетот за психологија на Меѓународниот Славјански Универзитет заедно со проф. д-р Ѓорѓина Ќимова, реализираа едукативна посета на ЈОУДГ „Рахилка Гонева“ во Свети Николе.
Посетата беше организирана во рамки на наставните предмети, со цел студентите да стекнат практични знаења и искуства преку непосредна опсервација на воспитно-образовните активности во предучилишната установа.
Во текот на посетата, студентите имаа можност да го набљудуваат однесувањето, меѓусебната комуникација и социјалната интеракција на децата, како и примената на различни воспитни пристапи и методи во секојдневната работа со нив. Особено значење беше посветено на поврзувањето на теоретските знаења од областа на развојната и детската психологија со практичните аспекти на воспитно-образовниот процес.
Ваквите активности претставуваат значаен дел од практичната настава, овозможувајќи им на идните психолози подобро да ги разберат развојните карактеристики, потребите и однесувањето на децата во предучилишна возраст.
Меѓународниот Славјански Универзитет продолжува да поттикнува практично учење и соработка со воспитно-образовните институции, со цел студентите да стекнат знаења, вештини и искуства неопходни за нивниот понатамошен професионален развој.




