
Студентките Анастасија Ичкова и Анастасија Ѓорѓиева на Еразмус+ мобилност во Малта
15 октомври 2026
Претставници од Меѓународен Славјански Универзитет во посета на Dhurakij Pundit University во Бангкок
20 октомври 2026Ракометарките на ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет ја остварија петтата победа во пет одиграни натпревари во Првата женска ракометна лига, потврдувајќи го одличниот почеток на сезоната. Во рамки на петтото коло, тимот оствари убедлива победа на гостувањето против ЖРК Јехона во Гостивар, со резултат 14:51. Ракометарките уште во првото полувреме создадоа висока предност од 4:27, а со сигурната игра во продолжението ја потврдија својата доминација на натпреварот.

Најефикасни во составот беа Анастасија Сентовска и Јована Ангеловска, кои постигнаа по 10 погодоци и дадоа значаен придонес за новиот успех на екипата. Со оваа победа, ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет останува на првото место на табелата со максимални 10 бодови.
Меѓународен Славјански Универзитет им честита на ракометарките и на стручниот штаб за одличните резултати и им посакува уште многу успеси во продолжението на сезоната!



