
Меѓународен Славјански Универзитет со резултати далеку над националниот просек во Erasmus дигитализацијата
5 мај 2026Денеска Меѓународен Славјански Универзитет и Федерацијата на независни и самостојни синдикати во Министерството за образование и наука официјално потпишаа договор за соработка. Потписници беа претседателот на Управен одбор на МСУ, проф. д-р Јордан Ѓорчев, и претседателот на Федерацијата Јован Ѓорѓијоски.
Преку оваа соработка, членовите на синдикатот добиваат можност за студирање на сите факултети и студиски циклуси со специјални корпоративни пакети и поволности, правејќи го високото образование подостапно и пофлексибилно.
Партнерството носи и заеднички активности – обуки, семинари, конференции и едукативни настани, насочени кон континуиран развој и градење на силни професионални капацитети.








