
Свечено промовиран најновиот труд на проф. д-р Живко Митревски
28 април 2026
Студенти од Меѓународен Славјански Универзитет учествуваа на BIP програмата во Чешка
29 април 2026Денес, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет, ректорот проф. д-р Васко Стамевски и претседателот на ФК Брегалница Штип, Ангел Бојаџиев, официјално потпишаа договор за соработка и меѓусебна поддршка.
Со овој значаен договор се отвораат нови можности за младите спортисти и нивните семејства, преку конкретни образовни бенефиции и долгорочна институционална поддршка. Меѓу клучните точки од договорот е предвидено во следните четири години да се доделува по една годишна стипендија, наменета за членови на клубот и нивните потесни семејства, дополнета со повеќе поволности и попусти за членовите на ФК Брегалница како идни студенти на Меѓународен Славјански Универзитет.
Оваа соработка претставува силен чекор кон создавање нови можности за младите спортисти и нивните семејства, овозможувајќи им пристап до квалитетно високо образование и сигурна поддршка во нивниот понатамошен развој. Меѓународен Славјански Универзитет континуирано вложува во младите таленти, препознавајќи дека токму тие се двигатели на идниот успех и напредок на општеството.






