
Посета во рамки на програмата Еразмус+ за мобилност и обука на административен кадар
11 март 2026Во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет се одржа средба на која беше потпишан Протокол за академска соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет од Северна Македонија и Медицинскиот универзитет – Софија од Бугарија.
Со овој протокол беше поставена основа за развивање и унапредување на академската и научната соработка помеѓу двете високообразовни институции. Документот предвидува иницирање и реализација на повеќе форми на заеднички активности, со цел поттикнување на размена на знаење, искуства и научни достигнувања.
Во рамките на договорената соработка беше предвидено иницирање програми за размена на академски кадар, како и програми за студентска размена. Дополнително, двете институции изразија подготвеност за заеднички развој на истражувачки проекти, врз основа на научното и професионалното искуство на нивните оддели. Протоколот исто така предвиде и учество на заеднички научни настани, конференции и симпозиуми, со цел размена на информации и продлабочување на академската комуникација меѓу колегите.
Како координатори на соработката беа назначени раководителите на соодветните оддели на двата универзитета, кои ќе работат на понатамошна имплементација и развој на договорените активности. Протоколот беше потпишан од страна на проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, и проф. д-р Вањо Митев, доктор по медицина, директор на Институтот за иновативна медицина при Катедрата за медицинска биохемија на Медицинскиот универзитет – Софија.
Со оваа иницијатива, Меѓународен Славјански Универзитет продолжи да ја зајакнува својата меѓународна академска мрежа и да отвора нови можности за соработка во областа на образованието и научноистражувачката дејност.





