
Повик за студенти од МСУ: Blended Intensive Program „Social Entrepreneurship from a Regional and International Perspective“ во Чешка
10 март 2026
Посета во рамки на програмата Еразмус+ за мобилност и обука на административен кадар
11 март 2026Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да создава нови можности за своите студенти преку меѓународни академски програми и партнерства. Во рамки на европските иницијативи за мобилност и академска соработка, се отвора можност за учество на студенти од МСУ во Blended Intensive Program (BIP) со темата „Developing projects under European programmes“, организирана од Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново, Бугарија.
За програмата студентите ќе добијат финансиски средства во согласност со правилата на Erasmus+ програмата. Со добиените средства студентите ќе можат да ги покријат трошоците за престојот на програмата.
Основни информации:
- Физичка мобилност: 20.04.2026 – 24.04.2026
- Виртуелна мобилност (онлајн предавања): 09.05.2026, 16.05.2026, 23.05.2026, 06.06.2026, 13.06.2026
- Локација: Универзитет „Св. св Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Бугарија.

Колку учесници се потребни?
Потребни се вкупно 10 студенти.
До кога е пријавувањето?
Можете да се пријавите најдоцна до 18 март 2026 година. По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Критериуми
- Да сте редовен студент на Меѓународен Славјански Универзитет
- Валиден пасош
- Солидно познавање на англиски јазик
Аплицирање
За пријавување, Ве молиме пополнете ја следнава апликација и ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим. Селекцијата на кандидатите ќе биде во согласност на правилата на Erasmus+ програмата.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на erasmus@msu.edu.mk или на +389 70 308 557.
Напомена: Предност имаат студентите кои не се учествувале во Еразмус+ активности.



