Оксфордските професори Стефан Прист и Кери Смолмен гостуваат на Славјански
Заедно со ФИЛОЗОФСКОТО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА по повод МЕСЕЦОТ НА БРИТАНСКАТА ФИЛОЗОФИЈА организиравме предавања на двајца еминентни предавачи од Оксфордскиот универзитетот, Велика Британија. Предавањата се одржаа на 6 февруари 2015 год. (петок) во Амфитеатарот на Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе.
Професор Стефан Прист „Филозофски прашања“ – почеток во 1200 часот
Г-ѓа Кери Смолмен „Зошто Британија?“ – почеток во 1400 часот
Стефан Прист, професор по филозофија на еден од најстарите колеџи на Оксфордскиот универзитет, соопшти дека постои план Универзитетoт во Свети Николе да добие значење во светски рамки и го изрази сопственото задоволство што заедно со Оксфордскиот универзитет ќе можат да дадат придонес на тоа поле.
Предавал на универзитети во САД и Европа. Неговите дела се преведувани на македонски, холандски, шпански, руски, јапонски и корејски. Во МАНУ во 2007 година е промовирана неговата книга Теории за умот, во превод на д-р Ристо Солунчев (Аз-Буки, Скопје). Ова е негово прво гостување во Свети Николе.
Во понеделник, на 9 февруари, професорите ќе одржат предавања и пред студентите на МСУ во Битола.
Повеќе фотографии од настанот можете да погледнете на нашата Фејсбук фан страница.