25 мај 2024 година во Офицерски дом – Битола на свечена церемонија беа врачени дипломите на студентите од Меѓународен Славјански Универзитет во Битола. Во пријатна атмосфера заедно со студентите се присетивме на нашиот заеднички пат, тимската работа и безусловната поддршка од нивните семејства. Нашите студенти се движечката сила на Меѓународен Славјански Универзитет и нивните успеси се нашата гордост.
На настанот со свои поздравни говори се обратија ректорката, проф. д-р Ленче Петреска и деканите и продеканите на нашите четири факултети, а настанот беше модериран од актерот и наш студент, Марјан Ѓорѓиевски. Свечената церемонија продолжи со врачувањето на дипломите, а потоа дипломците и нивните блиски уживаа во традиционалното фрлање на капите и групното фотографирање. МСУ со своите два кампуси е втор дом за повеќе од 2000 студенти и веќе 20 години е столб на високото образование.
Завршувањето на студиите е само првиот чекор. Сега е време нашите дипломци и магистри да ги искористат стекнатите вештини и знаења. Иднината им припаѓа на нив и со нивната креативност и труд веруваме дека можат да направат значајни промени во општеството.