Проф. д-р Мирослав Пендароски од Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет на 11 и 12 ноември, зеде учество на Конгресот на психолози на Македонија организиран од Комората на психолози. Проф. д-р Пендароски учествуваше со предавање на тема „Системскиот еклектицизам во современата психотерапија”. Исто така, тој одржа и работилница на тема „Партнерските односи низ призмата на системската динамика”.
Вклученоста на проф. д-р Мирослав Пендароски во Конгресот на психолози на Македонија ја нагласува важноста на доживотното учење, интердисциплинарната соработка и примената на современите пристапи за справување со комплексноста на менталното здравје и терапевтските односи во денешниот контекст.