Денес, 13 април 2023, во Љубљана беше остварена продуктивна средба помеѓу претставници на Меѓународен Славјански Универзитет и Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. На средбата се разговараше за подготвување на документите за отварање на филијала на Универзитетот во Љубљана како странска високообразовна установа во соработка со Меѓународен Славјански Универзитет.
На средбата присуствуваше раководството на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана, вклучувајќи ја и деканката проф. д-р Метка Текавчич, а од Меѓународен Славјански Универзитет присуствуваа м-р Борче Серафимовски, заменик претседател на Управен Одбор, и м-р Михаела Ѓорчева, член на Управен Одбор.
Овој чекор означува ново поглавје во нашето партнерство. Горди сме што имаме партнери како Универзитетот во Љубљана, престижна високообразовна институција позната по своите академски достигнувања и богата историја.