Меѓународен Славјански Универзитет започна со презентирањето на своите студиски програми пред матурантите. На 20 март 2023 година (понеделник) се одржа презентација на наставните програми пред матурантите од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци. Покрај можностите за студирање, матурантите беа запознаени и со студентскиот живот на МСУ, активностите кои ги организираат нашите студенти, како и останатите отворени конкурси.