Студенти од Факултетот за психологија при МСУ во посета на Агенцијата за вработување во Битола
14 март 2023Во Колхапур, Индија остварена средба со претседателот на Индиското здружение за техничко образование
16 март 2023Почитувани шахисти,
Ве информираме дека претстојниот турнир, првично закажан за мај 2023 година е презакажан за октомври 2023 година. Точниот датум на презакажаниот турнир во октомври ќе биде објавен и доставен до сите учесници штом ќе биде потврден. Оваа одлука е донесена поради неочекуваното зголемување на бројот на пријавени учесници, што неколкукратно го надмина капацитетот на нашиот сегашен објект.
Беа направени дополнителни напори да обезбедиме простор за сите пријавени учесници, но поради краткиот рок, нема да можеме да го реализираме турнирот во првично закажаниот термин. Во моментов на локацијата се гради нов објект, со што ќе се обезбеди соодветен простор за сите играчи.
Учесниците кои имаат направено уплата ќе бидат контактирани телефонски на 18 април заради враќање на средствата. Учесниците кои имаат резервирано сместување ќе бидат контактирани од хотелот за откажување на резервацијата.
Се извинуваме и ви благодариме на вашето разбирање, континуираната поддршка и вашето учество на нашите шаховски турнири.
Со почит,
тимот на МСУ
Меѓународниот Славјански Универзитет организира два турнири во шах Славјански 2023. Турнирите ќе се одржат од 13.05.2023 до 14.05.2023 година во хотел Mayberry Lake во Претор.
- А Турнир – СЛАВЈАНСКИ ОПЕН
- Б Турнир – натпреварувачи со возраст до 16 години (родени 2007 и помлади) и рејтинг до 1800
Право на учество имаат сите шахисти со ФИДЕ код.Турнирите се пријавени во FIDE и ќе се рејтингуваат. Организаторот задржува право да одбие одредени пријави.
Списокот на учесници ќе се објавува на https://chess-results.com/
Игра:
А турнир:
- Се игра по Швајцарски систем од 9 кола, според Правилата на ФИДЕ за (Рапид) забрзан шах. Турнирот А ќе се рејтингува во ФИДЕ.
- Темпо на игра е 25 минути по играч со бонификација од 10 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот. Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.
Б турнир:
- Се игра по Швајцарски систем од 7 кола, според Правилата на ФИДЕ за стандарден шах. Турнирот Б ќе се рејтингува во ФИДЕ.
Темпо на игра е 35 минути по играч со бонификација од 30 секунди за секој одигран потег, почнувајќи од првиот. - Организаторот обезбедува шаховски комплети за сите учесници.
Награден фонд:
Организаторот обезбедува пехар за победниците на турнирите, медали и дипломи за возрасните категории до 8, 10, 12, 14, 16 години (Б Турнир) и ОПЕН (А Турнир).
Вкупниот награден фонд изнесува 300.000 денари.
А Турнир – ОПЕН – 240.000 денари:
- 1 место – 40.000 денари
- 2 место – 30.000 денари
- 3 место – 25.000 денари
- 4 место – 20.000 денари
- 5 место – 17.000 денари
- 6 место – 14.000 денари
- 7 место – 12.000 денари
- 8 место – 10.000 денари
- 9 место – 9.000 денари
- 10 место – 8.000 денари
- 11 место – 7.000 денари
- 12 место – 6.000 денари
- 13 место – 5.000 денари
- 14 место – 4.000 денари
- 15 место – 3.000 денари
- Најдобар играч со рапид рејтинг до 2100 – 3.000 денари
- Најдобар играч со рапид рејтинг до 1800 – 3.000 денари
- Најдобар играч со рапид рејтинг до 1500 – 3.000 денари
- Најдобар нерејтингован играч – 3.000 денари
- Играч над 65 години 1 место – 4.000 денари
- Играч над 65 години 2 место – 2.000 денари
- Најдобра шахистка 1 место – 4.000 денари
- Најдобра шахистка 2 место – 2.000 денари
- Најдобар играч до 20 години – 4.000 денари
- Најдобар играч до 18 години – 2.000 денари
Б Турнир – 60.000 денари:
- 1 место – 11.000 денари
- 2 место – 9.000 денари
- 3 место – 7.000 денари
- 4 место – 6.000 денари
- 5 место – 5.000 денари
- 6 место – 4.000 денари
- 7 место – 3.000 денари
- 8 место – 2.000 денари
- Најдобар играч до 14 години – 2.000 денари
- Најдобар играч до 12 години – 2.000 денари
- Најдобар играч до 10 години – 2.000 денари
- Најдобар играч до 8 години – 2.000 денари
- Најдобра шахистка 1 место – 3.000 денари
- Најдобра шахистка 2 место – 2.000 денари
Свечено затворање на турнирот и доделување на награди ќе се одржи 30 минути по завршување на последното коло.
Играч може да освои само една награда – поголемата.
При делба на место одлучува:
Наградите не се делат, а при делба на место одлучува:
- Бухолц (-1)
- Бухолц
- Поголем број победи
- Прогрес
Програма
Пријавените учесници задолжително треба да го потврдат учеството на турнирот со своето присуство во салата за игра на хотел Mayberry Lake во Претор, најдоцна до 09:30 часот на 13.05.2023.
Техничката конференција ќе започне на 13.05.2023 во 09:45 часот.
Партиите ќе се играат по следниот распоред:
А турнир:
1 коло – 13.05.2023 (сабота) – 10:00
2 коло – 13.05.2023 (сабота) – 12:00
3 коло – 13.05.2023 (сабота) – 15:00
4 коло – 13.05.2023 (сабота) – 17:00
5 коло – 13.05.2023 (сабота) – 19:00
6 коло – 14.05.2023 (недела) – 09:00
7 коло – 14.05.2023 (недела) – 11:00
8 коло – 14.05.2023 (недела) – 14:00
9 коло – 14.05.2023 (недела) – 16:00
Б турнир:
1 коло – 13.05.2023 (сабота) – 10:00
2 коло – 13.05.2023 (сабота) – 12:30
3 коло – 13.05.2023 (сабота) – 16:00
4 коло – 13.05.2023 (сабота) – 18:30
5 коло – 14.05.2023 (недела) – 09:00
6 коло – 14.05.2023 (недела) – 11:30
7 коло – 14.05.2023 (недела) – 14:00
Организаторот го задржува правото за измени на распоредот за играње, за што натпревачувачите ќе бидат навремено известени.
Пријавување
Рок на пријавување: 11.05.2023 година.
Уписнина за учество на турнирот: 600 денари (10 евра). Уплатата може да се изврши онлајн или на следнава трансакциска сметка:
- Примач: ПВУ МСУ,
- Сметка: 200001929488684,
- Банка: Стопанска Банка.
Од уписнина на турнирите се ослободени играчи со меѓународни шаховски титули.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на shahovski@msu.edu.mk.
Информации за сместување
Сместувањето е во хотел Mayberry Lake во Претор до исполнување на максималниот број, а потоа во околните сместувачки капацитети.
За учесниците на Шаховскиот турнир Славјански е обезбеден посебен пакет за 2 ноќевања на 12 и 13 мај на база на полн пансион (појадок, ручек, вечера, без вклучени пијалоци). Надвор од предвидените датуми важат редовните цени на Mayberry Lake.
- двокреветна соба: 8.300 денари (4150 денари по лице)
- трикреветна соба: 12.000 денари (4000 денари по лице)
- четирикреветна соба: 15.200 (3800 денари по лице)
Во пакетот е вклучено: ноќевање на 12 и 13 мај на база на полн пансион (појадок, ручек, вечера, без вклучени пијалоци).
Резервациите се прават на lake@mayberryhotel.com или на +389 72 308 340. За потврда на резервацијата потребна е уплата од 30% од целиот износ на резервацијата. Најдоцна 10 дена пред турнирот потребно е да биде направена уплата за целиот пакет.
ПОЛИТИКА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ на резервација за сместување:
- 30 дена или повеќе пред пристигнување – целосна рефундација
- 29-11 дена пред пристигнување – 50% враќање на вкупната цена
- 10 дена или помалку пред пристигнување – без рефундирање
Ве молиме контактирајте директно со Mayberry Lake за информации во врска со политиката за откажување.
Пријавувањето се врши исклучиво со пополнување на следната апликација:
Пријава за учество на шаховски турнир
Пријавувањето е затворено.