На 30 септември 2022 во Високата школа за безбедност и економика од Пловдив, Бугарија, се одржа конференција на тема „Вештачка интелигенција во областа на безбедноста – придобивки и закани”.
Во рамки на конференцијата се одржа и изложба на карикатури од проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен Одбор на МСУ. Изложбата беше дел од конференцијата бидејќи се смета дека карикатурите и хуморот ќе бидат најтешки за совладување од вештачката интелигенција.
На конференцијата присуствуваа проф. д-р Јордан Ѓорчев, деканот на Факултетот за правни науки при МСУ, проф. д-р Иван Ефремовски, како и дел од вработените во Канцеларијата за меѓународни односи при МСУ.