
МСУ додели 3 ваучери на матурантите од Битола на големата градска матурска забава
15 јуни 2022
Врачени сертификатите од третиот дел од обуката за CNC програмери и оператори
21 јуни 2022
Лабораторијата е опремена со врвна истражувачка опрема (софтвер, хардвер, биосензорски системи) која е наменета за врвни истражувања во областа на интелигентни системи и вештачка интелигенција, невропсихологија, невромаркетинг, невроекономија, невроархитектура, медицина, образование, е-бизнис, информатика, правни науки и безбедносни системи и други области од човековото живеење. Технологија за истражување на ПОТСВЕСНИ сигнали на човечкото тело за откривање скриени карактеристики (мисли, чувства, одговори што не се гледаат лесно) поврзани со емоции, внимание, когниција, физиолошка возбуда. Човечкото тело постојано потсвесно произведува сигнали, кои можеме денес да ги идентификуваме, мериме, снимаме и анализираме. Сите овие сигнали раскажуваат длабока приказна – психофизиолошки одговор на стимули (слики, реклами, видео, психолошки тестови, човечки однесувања, вебсајт, мирис, вкус, музика …) кои можат да се мерат со Биосензори.
Во Биометриската лабораторија, во изминатите неколку месеци се реализирани 15-тина научни и комерцијални истражувачки проекти од невропсихологија, невромаркетинг, невроекономија, рекламирање и истражување на јавното мислење, образование (ментално и физичко здравје на ученици), во кои проекти учествуваа професори и студенти од факултетите за информатика, психологија, безбедносно инженерство, економија (од МСУ). Исто така се реализирани десетина дипломски и магистерски трудови на факултетот по информатика.
Биометриската лабораторија и во наредниот период ќе се доопремува со врвна биосензорска опрема и ќе биде на располагање на професорите и студентите од сите факултети од Славјански универзитет. Исто така, лабораторијата ќе нуди услуги на комерцијални компании, научно-истражувачки и образовни институции од Македонија и пошироко. Лабораторијата веќе почна соработка со развиени универзитети и научни институти од Европа, за заедничко учество во научно-истражувачки проекти.
Според научни истражувања, 90% од нашите активности се водени од потсвеста. Биосензорите ја откриваат незабележливата територија на потсвеста, метрики што даваат подлабоки информации за тоа: за што и како некој навистина размислува.
Проф. д-р Сашо Манасов, промовирањето на нашата лабораторија за Биометриски истражувања го заврши со зборовите: “Светот на истражувањето силно се менува и ние сме возбудени што се менуваме со него. Сакаме да бидеме во чекор со светот што брзо се менува. Сé додека не ги рашириме крилјата, немаме претстава колку високо можеме да летаме. Нашето мото е: На врвот секогаш има место“.


