Доц. д-р Нуртен Озтурк од Факултетот за правни науки при Универзитетот Хаџи Бајрам Вели во Анкара, Турција и доц. д-р Елиф Румејса Гурбуз од Факултетот за правни науки при Универзитетот Ерзинџан Бинали Јилдирими, Турција, деновиве се во посета на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за административен кадар.
Во рамки на денешната посета на универзитетот (9 мај 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, доц. д-р Елизабета Спироска, генерален секретар на МСУ и вработените од Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.