Проф. д-р Мирослав Пендароски одржа предавање за членови на Здружението на психолози од Истра. Викендов се организираше првиот модул од програмата Системски семејни констелации „Вовед, системски заплеткувања и стратегии за справување”.
Програмата ја водеше проф. д-р Мирослав Пендароски, професор на Факулетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет.
На модулот присуствуваа вкупно 22 експерти – од областа на социјалната заштита, образованието, приватниот сектор, граѓанското општество и затворскиот систем од Истра, Загреб и Сплит.