Meѓународен Славјански Универзитет, Меѓународен Центар за Славјанска Просвета, официјалната издавачка куќа на Меѓународен Славјански Универзитет и Институтот за култура и уметност при МСУ организираа промоција на книгата „Доаѓа зима“ од Димитар И. Вилазорски.
Промоцијата се одржа на 10.03.2022 со почеток од 12:00 часот во просториите на МСУ пред ограничена публика, согласно протоколите.
Промотор на книгата беше проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управен одбор на МСУ, а своја изведба на дел од книгата имаа и актерите од театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес, Жарко Спасовски и Јордан Витанов.