Почитувани студенти,
пријавувањето на испитите зa испитната сесија во ноември ќе се одвива целосно електронски преку системот Е-школарина. Пријавувањето на испитите започнува денес, 08.11.2021 и ќе трае до 12.11.2021 година. Полагањата започнуваат од 16.11.2021. Распоредот со линковите за испитите ќе биде испратен на студентите кои пријавиле испит на 15.11.2021.
Максималниот број на испити што можат да се пријават е 5.
Купувањето на пријавата е конечно. Сите студенти кои имаат неподмирени обврски за тековната студиска година согласно договорот за студирање нема да бидат во можност да го полагаат испитот. Доколку не сте сигурни за статусот можете да ја контактирате студентската служба во Свети Николе на телефон +389 32 440 330 и во Битола на телефон +389 47 222 503 за повеќе детали.
Согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв циклус студии и Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на втор циклус студии во ноемвриската испитна сесија се дава шанса и на студентите кои не го исполнуваат условот за премин во повисока година да можат да дополагаат предмети за да го стекнат потребниот број на ЕКТС кредити за премин во повисока година.
Услови за премин во повисока година:
Прв циклус
Втор циклус
Во прилог е упатството за пополнување на електронска пријава за испит. Доколку имате технички прашања во врска со пријавувањето, Ве молиме обратете се во Службата за Е-учење на eucenje@msu.edu.mk или на +389 78 295 567.
Кликнете на еден од линковите за поднесување на пријава:
По 3050 денари се плаќаат само предметите кои фалат до исполнување на условот за упис во повисока година. На пример, доколку Ви фалат 2 предмети за да исполните услов, плаќате 2 пријави од 3050 денари, а останатите ги плаќате по 50 денари.
Изберете го потребниот број на предмети (од 1 до 5, зависно колку предмети сакате да полагате) и кликнете на копчето Во Кошничка.
Откако ќе биде додадена пријавата во кошничка кликнете на НАПЛАТА.
Пополнете ги податоците за предметите, изберете го полето Ги прочитав и се согласувам со условите и правилата и кликнете УПЛАТА. Откако ќе кликнете на УПЛАТА ќе бидете пренасочени кон страницата на Халк Банка за безбедно плаќање каде ги внесувате податоците од платежната картичка и по успешно плаќање системот ве пренасочува назад кон страницата за комплетирање на нарачка.
Доколку има некаков проблем со пријавата, нашите служби ќе Ве контактираат.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |