Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија распишува ликовен конкурс „Перото“ – Инспирација за уметничката четка.
Проектот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година. Преку овој конкурс ќе можете да насликате илустрација за Вашата омилена книга и да се изразите во стилот во којшто сакате.
Главна цел на проектот е да ги мотивираме и инспирираме луѓето од различни културни пејзажи, различни родови, различни возрасни групи да се поврзат токму преку читањето на книгата и да создадат уметнички дела без оглед на нивното досегашно искуство за уметничко изразување со четка, така што ќе може да ги замислуваат ликовите во метафорични, преносни симболи или суштества, па да прават мозаик или колаж од илустрации (со разни уметнички техники и материјали).
Кога писателското перо ќе направи метаморфоза во уметничка четка, се создаваат генијални мултимедијални дела. Генијалноста е во творењето дела за паметење, во инспиративни моменти кои не бараат услови, доволен им е поттик и мотивација. Spiritus movens на овој проект се вонвременските уметности создавани во просторот и времето, книгата и уметничкиот израз, читањето и сликањето, оживување на ликовите од книгата во уметнички слики.
Сите пристигнати дела ќе бидат изложени на виртуелната изложба која ќе се одржи на 31 октомври 2021. Изложбата ќе се одржи и физички доколку условите тоа го дозволуваат.
За да присуствувате на виртуелната изложба потребно е да се регистрирате на следниов линк. Максималниот број на учесници на изложбата е илјада.
Идејата е проектот ликовно да ги оживее литературните ликови и настани во посебни тематски рамки. На пример, ликовното дело може да биде инспирирано од:
Проектот подразбира учество на креативци од целиот свет во ДЕТСКА, МЛАДИНСКА и ВОЗРАСНА КОНКУРЕНЦИЈА.
Жирито ќе ги оценува делата според следниве критериуми:
За оценување на делата ќе се формира стручно жири кое ќе прогласи тројца победници. Жирито го задржува правото да дисквалификува дела за кои смета дека се неоригинални или плагијати.
Сите пристигнати дела се разгледуваат од тричлена меѓународна жири комисија која ја разгледува обработената тема, оригиналноста на претставување и начинот на претставување на идејата.
Ќе бидат селектирани по тројца победници од секоја категорија кои ќе добијат:
Конкурсот започнува на 11 јуни 2021 и трае до 30 септември 2021.
Изложбата ќе се одржи на 31 октомври 2021 од 20:00 часот. Изложбата ќе биде виртуелна и физичка (доколку дозволат условите).
Објавувањето на резултатите ќе биде за време на изложбата.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |