Денес во Битола пред споменикот „Руски крст“ се одржа традиционална комеморативна церемонија по повод Денот на руската дипломатија. Настанот се одржа согласно ковид протоколите.
Пред споменикот свежо цвеќе положија Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин, Воено, воено-воздухопловно аташе Александар Гугњаев, градоначалничката Наташа Петровска заедно со делегацијата на Советот на Општината, Почесниот конзул на Русија во Охрид, Велимир Стојковски, претставници на Рускиот почесен конзулат во Битола, компанијата Лукоил, претставници на други организации помеѓу кои Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Сојуз на здруженија за македонско-руско пријателство во Република Северна Македонија, како и граѓани-почитувачи на работата на рускиот дипломатски работник.