Денес, 9-ти декември, на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, се одржа обука ,,Правна едукација за борба против корупција” во рамките на проект предводен од USAID на која учество земаа претставници и студенти (Асс. Ерика Пешкоска и студентот Трајче Тасевски) од Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“.
Проектот е имплементиран од Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп. Претставник на ова здружение е нашиот студент Џенгис Бериша.