На Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе денес беше промовиран 26-иот број од списанието „Филозофска трибина“ со темат „Филозофија и филм“, чиј промотор беше проф. д-р Радомир Виденовиќ од Универзитетот во Ниш (Р. Србија), воедно се одржа и промоција на книгата Руска религиска философија (3тома) од проф. д-р Трајче Стојанов, чиј промотор беше проф. Кирил Трајчев од МСУ „Гаврило Романович Державин“.
Промоцијата на овие две публикации е реализирана во соработка со Филозофското Друштво на Македонија и Издавачката куќа „АЗ-БУКИ“.