Институтот за инженерска економија при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ организираше обука на тема: Вибрации како штетност во работната средина.
Обуката се одржа на 19.02.2020 година во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе.
На обуката се зборуваше на две теми:
Тема 1: Влијание на вибрациите врз човековиот организам
Тема 2: Вибрации во работна средина – дијагностика и заштита
Секој учесник доби сертификат за учество. Учесниците со лиценца за вршење стручни работи од безбедност и здравје при работа добија потврди со кои ќе можат да се стекнат со 10 бода од Министерството за труд и социјална политика.